Полицијата приведе 40-годишен скопјанец, вработен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“, по пријава дека физички нападнал колега.
Како што соопшти полицијата, на 12 март 2026 година во 14:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, од слобода бил лишен Д.С. (40) од Скопје.
Тој бил приведен постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:20 часот физички го нападнал Б.К. (48) од Скопје, додека извршувал службени дејствија во својство на внатрешна контрола во јавното претпријатие.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.