Дваесетгодишно момче од селото Саждево, крушевско, починало по струен удар, информираат од полицијата.
Тој вчера, без знаци на живот, бил донесен во Општата болница во Прилеп.
Се работи за момче со иницијали А.И..
Според пријавеното, бил удрен од струен удар, по што починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.