Триесет и седумгодишната тетовка И.С. вчера во 20 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавила дека на 4-ти овој месец нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници, кои со мобилен телефон го снимале настанот и потоа снименото го прикажувале на други лица, извести СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.