Вчера во Полициското одделение Новаци, Б.П.(47) од селото Новаци пријавил дека во нива во атар на селото пронашол граната.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и утврдил дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм. од Првата светска војна.