Гостиварец со бензин полеал вработен во станица за технички преглед и се обидел да го запали возилото

Голема-полициска-акција-во-Струга.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата денес го приведе И.Р.(44) од гостиварското село Градец.

Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото.

Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.

Извршен е комплетен увид, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK