Го оградил државното земјиште зад Бит-пазар и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

istockphoto-1183809886-612x612.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ од чл.225 од КЗ на РСМ.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице.

А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез- излез на предметното земјиште, каде што за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK