Го натерале да се запали, па избегале, 24-годишен скопјанец со повреди пренесен на Клиника

87736028_684024489003385_2347012096106954752_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол 24-годишниот Б.А. од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од населба Ченто до Ќојлија, извести МВР.


Според пријавеното, лицата со закана го натерале да се запали, по што избегале, а тој успеал да го изгасне огнот, од кој бил зафатен и помошен објект во близина. Повредениот Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK