(Фото) Уапсени дрвокрадци во Скопско, дрвата и возилото се одземени


2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 18.10 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во село Горњани, скопско, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот А.К., а сопатник во возилото бил 25-годишниот А.И., двајцата од село Блаце, скопско.


При преглед во возилото пронајдени се огревни дрва, без документација. А.К. и А.И. се приведени и возилото и дрвата се одземени.

Известена е шумската полиција и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK