Фатен крадец на дело во Штип, следува пријава

1024px-Stip_23.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска во 00.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 38-годишниот А.А. од Штип, извести МВР.

„Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект на ул.„Крсте Мисирков“ во Штип, од каде одзел повеќе производи“, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица, а украденото било вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK