Во Полициската станица Кочани вчера околу 14.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит – Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од с.Грдовци, кочанско и патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(41) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.