Едно лице од повредените во сообраќајката на автопатот Штип – Миладиновци е пренесено во Скопје

soobrakjajna nesrekja 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три женски лица на возраст од 15, 37 и 62 години загинаа во тешката сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар од патарината кај Кадрифаково. Според првични информации жртвите се во роднинска врска и се превезувале во возило шевролет „калос“ со скопски регистерски таблички, во кое имало уште две лица.

Според СВР-Штип, во несреќата повредени се четири лица. Како дошло до судир меѓу возилата тојата „ланд крузер“ со кочански регистерски таблички и шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички се уште се утврдува од страна на полицијата и јавен обвинител.


Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека учесници во несреќата се возилата тојата „ланд крузер“ со кочански регистерски таблички управувано од возач на 29-годишна возраст, во кое имало и сопатник на возраст од 34 години, при што и двајцата се  повредени.

Возилото шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички е управувно од возач на возраст од 45 години, во кое се превезувало 12-годишно момче, кои се повредени, а во ова возило биле и трите жртви на возраст од 15, 37 и 62 години.

МИА претходно информираше дека 15-годишното девојче и 62-годишната жена починале на самото место, а 37-годишната жена на пат кон штипската Клиничка болница. Лекарите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно, пред вратата на болницата им подлегнала на повредите.

Во штипската Клиничка болница во моментов се двајца пациенти на кои им се прават лекарски прегледи, а третото лице кое е пренесено во болницата и е со тешки телесни повреди, по направените компјутерски снимања е транспортирано во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата и обвинител вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK