Вчера вечер во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 20-годишниот Г.Х. и 21-годишниот Д.В., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полицијата исто така соопшти дека денеска во 03.55 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.У. од Скопје пријавил дека околу 02.45 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.