Две скопјанки и малолетник искасани од кучиња

ulicno-kuce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Полициската станица Аеродром, 46-годишниот И.К. од Скопје пријавил дека на улица „Горно Лисиче“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, извести МВР.


Уште два други случаи на каснување од куче се пријавени во скопските полициски станици.

Вчера во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, 20-годишната С.М. од Скопје пријавила дека на улицата „Симеон Кавракиров“ била касната од куче скитник.

Претходно, во 14.30 часот во Полициската станица Чаир 29-годишната С.И.Т. од Скопје пријавила дека на крстосница од булевар „Словенија“ со улицата „Јадранска Магистрала била касната од куче скитник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK