Две лица под истрага за „служба во непријателска војска”

ojo_78878787
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца македонски државјани за кои постои основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Служба во непријателска војска од чл. 322 ст.1 од Кривичниот законик.

Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметниот јавен обвинител беше спроведена синхронизирана полициска акција во Скопје и во Република Франција која е резултат на повеќемесечна меѓународна и меѓуинституционална соработка. Во акцијата во Скопје се лишени од слобода две лица, додека во Р.Франција едно лице – македонски државјанин. Осомничените, во 2014 година ја напуштиле територијата на РМ, по што пристигнале во Сирија, место кое било под вооружен судир помеѓу припадниците на Исламска држава – ИСИС и меѓународните коалициони сили. Од месец април до месец август 2014 година, како македонски државјани и граѓани, станувајќи припадници на терористичката организација – Исламска држава – ИСИС учествувале во вооружените судири.


Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

Исламска држава – ИСИС од страна на ООН е прогласена како терористичка организација и согласно одредбите во Кривичниот законик граѓанин на РСМ кој за време на војна или вооружен судир служи во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации ќе се казни со затвор најмалку три години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK