Две лица од Гевгелија приведени под сомнение за криумчарење мигранти

POLICIJAA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица од Гевгелија се приведени откако се забележани како им помагаат на петмина мигранти нелегално да ја поминат границата кон Грција.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода Д.Т.(30) и В.Т.(54), двајцата од Гевгелија. Тие вчера околу 09:10 часот биле забележани од полициски службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Грција.


– Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението од МВР.

Мигрантите се предадени во Полициска станица за Граничен надзор Богородица за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK