Вчера околу 16 часот и 20 минути на регионалниот пат Тетово-Скопје, на влез во тетовски Групчин, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 44-годишниот Ј.Б. од тетовски Чифлик и 23-годишниот Н.Ф. од тетовски Требош, извести СВР Тетово.
– Двајцата се сомничат дека околу 14 часот и 20 минути, по претходни меѓусебни недоразбирања, учествувале во намерно предизвикана сообраќајна несреќа помеѓу „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Ј.Б. и „бмв“, исто така, со тетовски ознаки што го управувал Н.Ф., додава СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.