Вчера во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна болница во Скопје со повреди биле донесени 26-годишниот Н.Т. и 33-годишниот В.М., двајцата од Скопје, извести МВР.
„Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба – Скопје“, соопшти МВР.
Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор.