Двајца работници во текот на вчерашниот ден се здобиле со повреди додека извршувале работни задачи во фирма и куќа во Скопје и Прилеп.
„На 14.03.2024 во 09.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Џ.Р.(63) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во населбата Илинден, скопско. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен трудов инспектор.
На 14.03.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Пешталево, општина Долнени, при извршување работни задачи во дворното место од куќа сопственост на Б.С., со тешки телесни повреди се здобил Б.К.(34) од Република Албанија. Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, од каде бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, објави МВР во дневниот билтен.