Двајца повредени тетовци, се превртеле со четирицикл „кавасаки“ на „Церипашина“

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 15 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека во месноста „Церипашина“ на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот тетовец А.Х., а на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е.Х., изгубил контрола и се превртел, извести СВР Тетово.



– Во несреќата, двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK