Двајца повредени откако „БМВ“ се преврте на покрив на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово

policija_mvr_433534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица се повредени вчера во Тетово откако возилото марка „БМВ“, со кое се возеле, се превртело на покривот. Настанот се случил околу 19 часот на булеварот „Маршал Тито“.

– Во Тетово, во близина на Културен дом, патничко возило „БМВ со тетовски регистерски таблици управувано од лицето Л.Ш. (18) од тетовско Ларце, изгубил контрола над возилото и се превртел на покрив. Според првичните информации во незгодата со тешка повреда (фрактура на прсти од рака) се здобил сопатникот В.И.(26) од истото село, додек возачот Л.Ш. поминал со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информираше СВР Тетово.



Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK