Двајца мажи од Тетовско сами се пријавиле во полиција: претходно истепале три лица, меѓу нив и малолетник

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчеравечер во 22 часот во СВР Тетово се самопријавиле И.С.(18) и М.И.(31) од тетовска Голема Речица.


Двајцата во 13 часот биле пријавени од 44-годишниот А.Б. од тетовска Мала Речица дека околу 9 часот во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово физички го нападнале него, неговиот брат А.Б.(33) и малолетниот син.

Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот и против нив ќе следуваат поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK