Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија


pozar2.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор.


Во 12:00 часот во село Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Г.С.(45) од село Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а на 6 август околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачјето помеѓу селата Грешница и Слатина, општина Македонски Брод, повторно подметнувал пожар на отворено.

Во 17:00 часот во село Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор.

По целосното документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK