Вчера на булеварот Александар Македонски“, автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(24) од Република Турција удри во Д.Н.(62) од Куманово.
По несреќата Д.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.