Драма во Охрид: Со „рено“ удрил во работна машина и избегал, на местото на несреќата го оставил и сопатникот со тешки повреди

brza-pomosh-ohrid-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер во 21 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирана мобилна работна машина марка „Јан-Мар“, извести СВР Охрид.


– Возачот на првото возило избегал и го оставил на местото на незгодата, а екипа на Итната медицинска помош, покрај истото го пронашла сопатникот А.Д.(39) од Охрид кој, веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Поради констатирани тешки телесни повреди, тој е задржан на понатамошно лекување, соопшти СВР Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на првото возило кој избегал од лице место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK