Додека издржувал казна во затворот во Штип организирал внесување хероин во установата, кривична против 52-годишник

Додека-издржувал-казна-во-затворот-во-Штип-организирал-внесување-хероин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Штип поднесе кривична пријава против 52-годишниот З.К. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, извести МВР.


„Во септември 2022 година, додека пријавениот издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип, организирал набавка и внесување на хероин во затворот. На 10.09.2022, дрогата била пронајдена при проверка на пакет донесен од мајка на друг осуденик“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK