­

Директорка на училиште во Свети Николе незаконски му зголемила плата на наставник


Кривична-против-жител-на-Кондово-противправно-присвоил-над-два-милиони.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорка на средно училиште во Свети Николе незаконски му исплатила плата на наставник со придонеси во вкупен износ од 174.805 денари.


Според информациите на полицијата,  СВР Штип поднесе кривична пријава против Ж.М.(56) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Пријавената, директор на средно училиште во Свети Николе, распишала оглас и на 05.09.2024 вработила лице како наставник со неполно работно време од 18 работни часови. После тоа, во периодот од септември 2024 до март 2025, пријавената од пет вработени на неопределено работно време одзела часови по норматив и ги доделила на лицето. Со ваквите дејствија незаконски му исплатила плата со придонеси во вкупен износ од 174.805 денари оштетувајќи го Буџетот на Министерството за образование и наука“, соопштија од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK