Четиригодишно дете од Струмица во тешка состојба донесено во болница, лекарот констатирал дека е истепано

Четиригодишно-дете-од-Струмица-во-тешка-состојба-донесено-во-болница.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 02.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Општата болница Струмица во 00.58 часот во тешка здравствена состојба било донесено четиригодишно дете од Струмица, извести МВР.


Детето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде од лекар било констатирано дека детето било физички нападнато, додаваат од МВР.

За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK