Битолчанец со дрвен предмет нападнал сограѓанин

Битолчанец-со-дрвен-предмет-нападнал-сограѓанин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 37 годишни од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.


На 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс “Нов пазар“ во Битола, пријавениот физички и со дрвен предмет нападнал 38 годишник од Битола.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот.

Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK