Бил во контакт со убиените браќа во Албанија, па уапсен од МВР за дрога кај Прилеп – Обвинителството во Корча побара од македонските власти да соработуваат

braka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителството во Корча испрати допис до македонските надлежни институции очекувајќи соработка за расветлување на убиството на браќата Мартин и Андреа Олдаши.



Како што јавуваат албанските медиуми, тамошното Обвинителство бара да го испита лицето Ф.Д. со коешто жртвите имале контакт.

Според информациите, се работи за лице кое било уапсено кај Прилеп од страна на македонската полиција, кога од Албанија внел 53 килограми марихуана.

„Одговорот од надлежните органи би помогнал во истрагата за двојното убиство за кое се уште нема сторители“, наведува албанскиот медиум „Топ чанел“, додавајќи дека допис имало и претходно, а истрагатата ќе биде стопирана додека не добијат одговор на нивното барање.

Двојното убиство се случи во декември 2020 година во селото Шќитас, општина Малик, кога двајцата браќа биле киднапирани, а потоа егзекутирани, додека нивните тела биле фрлени во канал за наводнување.

Албанските медиуми пишуваат дека браќата се занимавале со криминални активности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK