СВР Охрид поднесе кривична пријава против 62-годишниот Л.К. и 72-годишниот С.К., двајцата од Охрид, против 79-годишниот Т.Л. од охридското село Рамне и 52-годишниот Н.П. од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“, извести МВР.
„Тие, на катарстарски имоти лоцирани во охридското село Рамне, без одобрение за градба и друга соодветна документација и спротивно на Законот за градба, бесправно изградиле хотелски комплекс, деловни објекти и надворешен базен“, соопшти МВР.