Вчера на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобили, пришто удрена е и жена-пешак.
Од МВР велат дека во несреќата учествувале две возила кои ги управувале 30-годишници, а жената која се нашла на местото има 65 години. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Полесно повреден е 19-годишен сопатник во едното возило.
Извршен бил увид.