Вчера на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучката „Коњари“, патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(39) од Кочани, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ј.(60) од Кочани, додека другиот сопатник Г.Ј.(64) од Кочани се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.