Синоќа вo 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„АСНОМ“ со сервисна улица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(33) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило, С.М.(33) од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.