Полицијата изврши апсење на повеќе локации низ Скопје каде беа приведени повеќемина лица.
На 13.04.2024 во 23.15 часот на патот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Л.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
На 13.04.2024 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(22) од Крива Паланка, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 12.04.2024 во 23.20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј.(60) од Скопје, поради тоа што при претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка, пиштол „браунинг“ со рамка и 61 куршум.
На 13.04.2024 во 20.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 13.04.2024 во 21.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.В.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
За сите овие случаи МВР по целосно документирање на случаите против инволвираните лица ќе поднесе соодветни пријави.