Акциска контрола во тетовско: Пронајдена дрога, неиздавање фискални сметки…

Акциска-контрола-во-тетовско-Пронајдена-дрога-неиздавање-фискални-сметки….jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рано утрово во 01.10 часот, согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ЕБР во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, општина Боговиње.


При контролата затекнати се четири странски државјанки (од Србија, Украина, Молдавија и Албанија) како и 55 гости, меѓу кои и двајца малолетници. На подот во објектот пронајдена е паковка со прашкаста материја.

Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки, а од страна на ДИТ лица кои непријавени вршат работни активности.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK