Со тешки телесни повреди в болница заврши 74 – годишен скопјанец. Паднал во автобус на ЈСП.
„Вчера во 19.30 во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на булеварот ’Партизански одреди’ во Скопје, управуван од Т.Г.(50) од с.Петровец, скопско, паднал и се повредил патникот З.А.(74) од Скопје . Тој бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.