Седумдесет и двегодишниот Д.А. од Битола вчера паднал по скали и се здобил со тешки телесни повреди додека престојувал во куќа во Охрид информираат од МВР. Тешките телесни повреди биле констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи.