46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

1692196338_brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

46-годишна жена од Кочани утрово била избодена по претходна расправија со нејзин сограѓанин.


Полицијата за „Макфакс“ потврдува дека денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани.

Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани.

Жeната како што соопшти полицијата, починала на местото на настанот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.

Според надлежните, по целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK