Четириесет и шестгодишен скопјанец, со иницијали В.Н. од Скопје загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево-Гостивар, што се случи вчера околу 18 часот кај селото Колари.
Според информациите од полицијата, возилото кое го управувал мажот излетало од патот, а во него имало и малолетно девојче.
Девојчето со тешки повреди е пренесено во болницата во Кичево, додека 46-годишниот маж загинал на лице место и Итната помош која пристигнала таму констатирала смрт.
Извршен бил увид.