45 санкционирани возачи на мотоцикли, 32 без заштитна кацига

motorcikl
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден (21.08.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 45 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и 86 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK