Вчера во 23 часот и 5 минути во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Л.Љ. од Тетово, удрило во 61-годишниот пешак А.У, исто така, од Тетово, извести СВР Тетово.
– Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.