Вчера во 18.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 20-годишниот M.E. од Република Албанија, извести МВР.
„При извршена гранична проверка и контрола било констатирано дека возилото „ауди а8“ со англиски национални ознаки, кое го управувал, евидира во Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол како украдено“, соошшти МВР.
Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од ЕВР Чаир за понатамошна постапка.