196 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

196-санкции-за-брзо-возење-на-територијата-на-Македонија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK