18-годишник од Штип тешко повреден во сообраќајна незгода

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска во 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Лески“ во Штип патничко возило „цитроен ц3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Г.С. од Штип, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда, па во паркирано патничко возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.Д., 18-годишник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK