14-годишно момче убиено среде Прилеп

Маж-пронајден-паднат-на-тротоар-во-Гостивар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

14-годишно момче вчера вечер околу 19 часот и 30 часот е пронајдено без знаци на живот со повеќе убодни рани и надворешни крвавења во центарот на Прилеп на тротоарот од булеварот „Гоце Делчев“ наспроти Домот на културата „Марко Цепенков“.


Како што изјави дежурниот лекар при Службата за итна медицинска помош во Прилеп, констатирано било дека момчето има повеќе надворешни крвавења и не давало знаци на живот.

Момчето било пренесено во градската болница, каде што сите обиди за реанимација биле безуспешни.

Увид направија полицијата и основен јавен обвинител. Наредена е обдукција на телото на 14-годишното момче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK