(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 илјади гласови разлика, победуваме со повеќе од 170 илјади гласови. Зборувавме дека многу работи ќе се случат не ни веруваа, не потценуваа, мислеа дека си имаат …

Continue Reading

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. Според него разликата ќе биде над 130 илјади гласови. „Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и тргнуваме од нула. Имаше 7 кандидати и тоа е причината што се поделија гласовите. Мојата задача ќе биде како и изминатите 20 дена, …

Continue Reading

Силјановска за убедливото водство: На пати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот резултат е неверојатно инспиративен за нејзе и дека нема зборови со кои може да ја искаже благодарноста. „Горда сум на мнозина, најпрво на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене, туку и на останатите. Особено сум горда на …

Continue Reading

Јакимовски призна пораз ѝ честиташе воддство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед на поразот, рече дека не е задоволен од изборниот резултат. „Јас ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признам поразот на овие претседателски избори, а воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова и да ѝ посакам …

Continue Reading

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените се почнати. На првата прес-конференција по затворањето на избирачките места тој рече дека очекува победа на 8 мај. „Земјотресот по се изгледа дека денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите, а се надевам дека на 8 мај ВЛЕН …

Continue Reading

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 19 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека гласале 801.074 граѓани. „Според податоците за излезност кои се пристигнати досега најголемата излезност, како и досега, е забележана во Новаци од 71,07 отсто, додека најмалата излезност е во Центар Жупа од 16,90 …

Continue Reading

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто. Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто. Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно. Во споредба со првиот круг …

Continue Reading

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа, а најмногу во Новаци

До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 2110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места, гласале 392 066 односно 35,89 проценти. Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 57,69% додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%. Гласањето …

Continue Reading

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

ЕУ ќе додели две милијарди eвра грантови и четири милијарди поволни заеми за Западен Балкан од 2024 до 2027 година како дел од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, откако беше одобрен од Европскиот парламент на денешната пленарна седница. „Инструментот е централен дел од планот за раст за Западен Балкан“, рече коизвестувачот Тонино Пицула на пленарната седница. Станува …

Continue Reading