
(Видео) Летаа столови, тупаници и клоци: општа тепачка во ерменскиот парламент
Денес во ерменскиот парламент избувна масовна тепачка помеѓу претставници на владејачката партија и опозицијата. Пратениците се удирале со тупаници и клоцале меѓусебно, фрлале столови и превртувале маси. Неколкумина биле повредени, а обезбедувањето морало да интервенира.











