Проф. Најчевска: Време е да пуштиме вода во шољата

Ме прашуваат дали е нормално ова што го прават етничките Албанци во Македонија (националистичката еуфорија, крадење на се што ќе дојде до рака, уништување на јавното добро, криминализација на политиката) . Јас велам – да. Кога се осамостојуваше Македонија и кога власта доминантно ја зедоа етнички Македонци, учени-недоучени пилиштарци кои функцијата ја разбраа како отворен повик за крадење и кога …

Continue Reading

Божидар Божиновски: Ова ни Кapaкачанов не можи да го смисли шо можиме сами…

Да резимираме некои историски погледи од денес: Партизаните, кои ги немало во Македонија според некои, влегле во град во кој ништо не се случувало од 1939 до 1944 и тоа ништо овие што не постојат го зазеле и дури тогаш почнала окупацијата. Ова ни Кapaкачанов не можи да го смисли шо можиме сами…

Continue Reading

Проф. Андовска: Живееме болест без лек

Сакав да искоментирам многу работи, испровоцирана од смртта на новороденчето, ама толку многу е отидено сè во бестрага, што и ништо нема смисол. Колапс, очај, гнилост, неписменост, беда и мизерија. Се разбира, од другата страна – кич, глупост, ароганција, агресивност, амбиција без потенцијал и простаклук. Живееме болест без лек. Смртоносна болест со рапидна прогресија.

Continue Reading

Проф. Цицонков: ЈАВНИ ОБЈЕКТИ ШТО КОРИСТАТ НАФТА И МАЗУТ ЗА ГРЕЕЊЕ, РЕШЕНИЕ?

Несомнено е дека користењето на огревно дрво за загревање на домовите е главна причина за загадување на воздухот во градовите во Република Македонија (РМ). Но исто така, со големо внимание треба да се земе предвид неодамна објавената информација во медиумите од невладината организација “Шанса за Центар“ дека низ цела Македонија има близу 700 јавни објекти кои користат нафта и мазут …

Continue Reading

Цуцуловски: Ало, школски! Како си бе, школски?

НЕФУКЦИНАЛНОСТ. „Конечно, после скоро две години, Уставниот суд на дневен ред од својата 30-та седница (закажана за 6.11.2020 година во 9:30 часот) како точка 5 ја стави и Иницијативата од група граѓани, поднесена уште во јануари 2019 година. Во Иницијативата подносителите бараат Уставниот суд да ја оцени уставноста и законитоста на Амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI. Во оваа смисла, …

Continue Reading

Проф. Трајковски: Ќе мора парламентот да донесе нов Закон за концесии и јавно приватно партнерство

Сé досега ЕСМ и владата можеа да прават што сакаат со Чебрен. Меѓутоа, за договор за концесија на 67 години, ќе мора парламентот да донесе нов Закон за концесии и јавно приватно партнерство, бидејќи според важечкиот тоа не е дозволено. Доколку ЕСМ сепак реши да го прекрши законот, надлежниот суд ќе мора да го поништи договорот, а виновниците да ги …

Continue Reading

Проф. Трајковски: Многу ме разочараа господата соработници од МАНУ и ЕСМ на презентацијата и дискусијата за реверзибилната електрана „Чебрен“

МАНУ и ЕСМ како извори на дефетизам и поддржувачи на раскрчмувањето Многу ме разочараа господата соработници од МАНУ и ЕСМ на презентацијата и дискусијата за реверзибилната електрана „Чебрен“ во четвртокот во Стопанската комора. Постојано повторуваа дека државата била неспособна да изгради хидроцентрала, па затоа сме морале да се задоволиме со 33% учество во јавно-приватно партнерство. Упорно прашуваа зошто за 20 …

Continue Reading

Борче Стаменов: Тие 40 евра кои денес ги дадовме се уствари нечиј компјутер, храна за нас за цела недела кога одиме низ државата

Иначе другари фала ви на сите шо пишавте да ни ја платите казната, но нема потреба од тоа. Казната си ја плативме веднаш. Се брзав да заминам за Скопје и оваa бизарна и глупава работа шо ја изработија од Јавен паркинг само ме изнервира и ми го развлече патувањето па поради нив ми замина цел ден. Ја вакво казнување додека …

Continue Reading

Сашо Тасевски: Нема поголеми феминистки од овие со предбрачен договор за поделба на пленот ако дојде до развод со синот на богатите родители

Нема поголеми феминистки од овие со предбрачен договор за поделба на пленот ако дојде до развод со синот на богатите родители. Како иде тоа? Свекрвата која исто не ги заработила милионите и вика на идната снаа: Или ќе потпишеш предбрачен договор или нема свадба со син ми. И невестава феминистка рекла: Важи. Оти љубов голема. Колку ве има бе со …

Continue Reading