Влада: САД директно и порачаа на опозицијата да го поддржи европскиот пат на државата и уставните измени

Вашингтон директно и порача на опозицијата да го поддржи европскиот пат на државата, да поддржи уставни измени и да не блокира закони од клучно значење за државата, брифираат владини извори, сумирајќи ја посетата на владината делегација на САД. Во САД, посочуваат извори од Владата, добивме недвосмислена и силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата, што значи спроведување на …

Continue Reading

Пендаровски: Само врз база на солидарност може да се решаваат предизвици што го мачат човештвото

Само обединет, солидарен и отворен свет може да одговори соодветно на глобалните предизвици кои стануваат сè покомплексни и за жал, сè поопасни. Наша обврска кон сегашните и идни генерации е да поставиме соодветни услови за напредок и развој и низ сопствени примери да етаблираме морални вредности врз кои е единствено можен подобар свет, порача денеска претседателот Стево Пендаровски за време …

Continue Reading

Плакета за министерката Петровска од Параолимпискиот комитет на Северна Македонија за поддршка и афирмација на спортот на лицата со инвалидност

Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија денеска на министерката за одбрана Славјанка Петровска и додели Плакета, како признание за нејзината поддршка и поддршката од Министерството во афирмација на спортот на лицата со инвалидност во земјава и пошироко. – Одбраната е постојан и посветен поддржувач на активностите на Параолимпискиот комитет …

Continue Reading

Влада: Коалицијата е стабилна, нормално е да има различни мислења по одредени прашања

Владата е стабилна, а кај партнерите во коалицијата нормално е дека има различни мислења по одредени прашања и законски решенија, посочија денеска од Владата на брифинг со медиумите, коментирајќи ги повлекувањата или најавите за повлекувања од владината коалиција на помалите коалициони партнери. Во однос на барањето на партијата „Достоинство“ од каде по неприфаќањето во Парламентот на законско решение за бранителите, …

Continue Reading

Бесими: Од јуни граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање на развојни проекти и на пазарот на капитал, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10.000 денари. Граѓаните ќе можат и пред истекот на рокот да тргуваат со неа на Македонската берза доколку …

Continue Reading

Телефонски разговор Османи- Ал Сауд

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд. Во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на билатералните односи, со посебен осврт на економската соработка и трговските врски. Воедно, Османи се заблагодари за неодамнешната евакуација од Судан на четири државјани на …

Continue Reading

Бесими препорачува зголемувањето на платите во јавниот сектор да се имплементира од 2024 година

Министерот за финансии Фатимир Бесими денеска потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд. Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари. Информира дека зголемена плата за 78 отсто им се исплаќа на 1.060 функционери …

Continue Reading

Ковачевски ќе информира за актуелните политички и економски случувања

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на брифинг со новинарите ќе информира за политичките и економските случувања во земјава, со акцент на работната посета во Њујорк и Вашингтон, како и економските политики на Владата за подобрување на животниот стандард, соопшти владината прес-служба. На брифингот покрај премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот …

Continue Reading

Трибина за енергетика на СДСМ: Се враќа евтината тарифа на струјата, на мрежата на парно се приклучиле над 1.000 нови субјекти

Пред неколку години зборувавме за македонска енергија од македонско сонце и денес тоа е реалност. Видливи се резултатите и со право сме горди што направивме и се уште го правиме во делот на зелената транзиција. Денес имаме домашна берза и секој еден може да учествува во енергетскиот бизнис, а до 2017 година тоа можеа да го прават само привилегирани до …

Continue Reading