СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините за партиски вработувања

Наместо проекти, решенија за развој, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат и уназадуваат општините со кои раководат. Во време на светска економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поевтина струја за јавните комунални претпријатија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги поскапеа услугите за граѓаните. Охрид и Прилеп беа првите општини што ги зголемија цените на комуналните услуги, а комуналните претпријатија од овие …

Continue Reading

Бесими: Граѓанските обврзници се безризична инвестиција која ќе им донесе приноси на граѓаните

Граѓанските обврзници се безризична инвестиција којашто ќе им донесе приноси на граѓаните и ќе ја заштити вредноста на нивните заштеди од ефектите од инфлацијата и ќе ја унапреди севкупно сигурноста на нивното портфолио. Овие долгорочни хартии од вредност, што државата ќе почне да ги издава следниот месец, ќе донесат голем број придобивки, како за граѓаните, така и за економијата. Тие …

Continue Reading

Караванот „Рамо до рамо до победа“ во Кисела Вода, Желино, Тетово, Врапчиште, Гостивар и Маврово –Ростуше

– Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше на терен со граѓаните на Кисела Вода, Желино, Тетово, Врапчиште, Гостивар и Маврово –Ростуше. Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска со граѓаните на Желино беше Оливер Спасовски. -Имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат, од нас зависи европската иднина на земјата, со глас за Европа …

Continue Reading

Маричиќ: По уставните измени патот кон ЕУ е отворен, блокади веќе не очекуваме

– Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека може да се стигне со уставните измени до ноември месец, доколку сите партии и сите пратеници ја сфаќаат својата одговорна улога во овој период. – Знаеме дека процедурата во собранието трае од прилика три до четири месеци, сосема доволно да се издискутираат и да се усвојат овие …

Continue Reading

Битиќи: Скопската Чаршија е нашата мултикултурна вредност, да ја чуваме за да му пркоси на времето

Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при посетата на Скопската чаршија каде беше пречекан од членовите на здружението на занаетчии „Еснаф“. Посетата ја искористи и за средба со новиот претседател на Еснаф, Бујар Дулови, и членовите на новото раководство на кои и им посака успешен мандат и реализација на …

Continue Reading

Маричиќ: Охридскиот рамковен договор гo издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме …

Continue Reading

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица

Пред нас имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат. Од нас зависи европската иднина на земјата, со глас за Европа во македонското Собрание можеме да станеме земја-членка на ЕУ до 2030 година. Мицкоски и  ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица. Ова …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски би го поддржал Меџити за укинување на организациските директори

– Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека би го поддржал на владина седница предлогот на министерот за здравство Фатмир Меџити за укинување на економските директори. – Апсолутно. Јас сметам дека е неиздржано на еден километар квадратен да има 60 директори, 60 заменици директори и 60 управни одбори. Тоа никаде во светот го нема, нагласи Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање. Министерот за …

Continue Reading

СДСМ: Отворен е патот за побрза и поевтина градба на коридорите, најголемиот стратешки проект вреден 1.3 милијарди евра

Собранието на Република Северна Македонија, ги донесе измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес. На овој начин се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д. Со овие два коридора за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, наместо како досега да бидеме …

Continue Reading